Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата

Со потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ паѓаат во вода лагите на опозицијата дека Буџетот нема пари и дека сме презадолжени, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.
- Имаме континурано клеветење дека само што не сме банкротирале. „Фич“ беа тука, разговараа и со мене и со Министерството и разговаравме и за подобрување на рејтингот така што веста денес е многу значајна дека Фич го потврди рејтинот и паѓаат во вода лагите и клеветите на опозицијата дека само то не сме банкротирале, дека Буџетот нема пари, дека сме презадолжени, изјави Мицкоски по пуштањето во употреба на когенеративната постројка во Чаир.
Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија на ниво „BB+“ со стабилен изглед, препознавајќи ги позитивните перспективи за економски раст, силната инвестициска активност и реформскиот процес поврзан со пристапувањето кон Европската Унија, соопшти денеска Министерството за финансии.
МИА
Ново на Сител
-

Пензионерите бараат линеарното зголемување да стане законско - трошоците за живот растат исто за сите
-

Со пари од ИБРД и КФВ до енергетско ефикасни студентски домови
-

Преглед на вестите од светот
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

Мицкоски: Врховниот суд нанесува срам на правдата во Македонија, тоа се остатоците на СДС и ДУИ
-

Недоволната едукација предизвик во современото пчеларство
-

Карбинци подготвува нови зони за индустрија и домување
-

Преглед на вестите од светот
