Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП

Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на Бруто домашниот производ (БДП) истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање за вчерашната средба со претставниците од градежниот сектор и колку оваа гранка влијае врз Бруто домашниот производ (БДП).
Премиерот Мицкоски истакна дека е задоволен што БДП со усогласени вредности е 3,3 проценти, и како што рече е четврти во Европа.
- Јас сум задоволен што БДП со усогласени вредности е 3,3 отсто и е четврти во моментов во Европа, според податоците кои што се објавени, како процент од БДП-повторно за сите оние кои што ќе го спинуваат, како што впрочем тоа го правеа и порано. Јас сум задоволен, бидејќи седми квартал по ред ние сме просек некаде околу 3,4 во услови кога нашиот најголем трговски партнер, а тоа е Европската унија е под 1 проценти -изјави Мицкоски.
Тој цени дека ова е исклучително позитивен резултат за нашата држава.
Претседателот на Владата, Мицкоски пред три дена на прес-конфоренција рече дека податоците кои ги објавува Евростат веќе седми квартал по ред Владата остварува раст на БДП, кој се наоѓа најпрвин во првата половина во Европа, а потоа и во првите пет земји во Европа. Потсети дека ова не е показател што го објавува Владата, туку ова е параметар што го објавува Евростат.
Според податоците на ДЗС во април оваа година индустриското производство порасна за цели 7,6 проценти во споредба со април минатата година и како што рече Мицкоски „со тоа во првите четири месеци од годината, во првата третина од 2026, како ретко која држава во Европа имаме индустриско производство кое ни е во позитива“. Што се однесува за нови креирани работни места во првите 21 месец од работење на Владата податоците покажуваат дека има 16.000 нови креирани работни места.
МИА
Ново на Сител
-

Нов градски пулс: Музичкиот колектив ВЖНР (VZNR) го промовираше новиот албум „Син Дух“
-

Тема на денот со Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државен завод за статистика
-

Викендов се затвора конкурсот за шеф на ОЈО ГОКК - Пријавени се четворица кандидати
-

Мицкоски задоволен од растот на економијата - СДСМ обвинува за историско задолжување
-

Македонија под висок ризик за пожари: И ноќеска скопјани спиеја со затворени прозорци поради пожарот во Ѓорче Петров
-

Ристески: Со училишната кошничка едно семејство со два ученика заштедува и до 3.000 денари
-

Струја нема вода нема, револт во Чешиново
-

Да се инвестира во надоградување на домашните работници, а не да се увезува работна рака
