Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ денеска потпишаа договор за стратешка соработка помеѓу двете земји, што претставува нова етапа во билатералните односи. Исто така, беше потпишан и договор за соработка меѓу Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија.
На прес-конференцијата по потпишувањето на договорите, Мицкоски и Пленковиќ истакнаа дека со нив се продлабочуваат и онака добрите и пријателски односи меѓу двете земји, а Хрватска, која исто така е дел од НАТО, како и земја членка на ЕУ, останува еден од нашите главни партнери во евроинтеграцискиот процес.
-Особено сме задоволни што ја подигнуваме нашата соработка на повисоко ниво преку потпишување на договорот за стратешка соработка помеѓу двете влади. Овој договор е повеќе од диполоматски акт. Тој претставува рамка за долгорочно партнерство и јасна стратешка определба за продлабочување на нашите односи во области што се од суштинско значење за иднината на двете држави - рече Мицкоски.
Со договорот што денеска се потпиша ќе се овозможи уште поинтензивна соработка во повеќе стратешки сектори, како транспортот, енергетиката, ИКТ, индустријата, производството, здравството, образованието, јавната безбедност, цивилната заштита, одбраната, кибербезбедноста и управувањето со границите.
-Особено позначајно е што договорот отвора простор за подлабока поврзаност помеѓу институциите, компаниите, инвеститорите, академската заедница, граѓанскиот сектор и експертските заедници на двете земји - рече, меѓу другото, Мицкоски.
Пред прес-конференцијата премиерот Мицкоски на „Фејсбук“ напиша дека во пријатна и конструктивна атмосфера со Пленковиќ разговарале за продлабочување на соработката помеѓу двете држави, регионалната стабилност, европската перспектива и заедничките предизвици.
На билатералните средби со владата на Република Хрватска, предводена од премиерот Андреј Пленковиќ, како што наведува премиерот Мицкоски, во духот на пријателството, меѓусебната почит и партнерството, разговарале за унапредување на соработката меѓу двете држави во повеќе стратешки области, како што се економијата, енергетиката, инфраструктурата, европските интеграции и регионалната безбедност.
-Средбите претставуваат уште една потврда за силните и пријателски односи меѓу Македонија и Хрватска, како и за заедничката определба за стабилен, безбеден и европски регион - наведе Мицкоски на „Фејсбук“.
Претходно, со свечена церемонија премиерот Мицкоски го пречека хрватскиот колега Пленковиќ на охридскиот аеродром.
Хрватскиот премиер Пленковиќ заедно со владина делегација престојува во официјална посета на Северна Македонија.
МИА
Ново на Сител
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
