Мицкоски: И понатаму ќе продолжиме да бидеме држава со најниска цена на бензините и на дизел горивото

Граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи ние и понатаму ќе продолжиме да бидеме држава со најниска цена на бензините и на дизел горивото иако тоа се берзански производи, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.
- Ја следиме состојбата со нафтата на светските пазари и се уште остануваме земја која е со убедливо најниски цени на бензините и дизел горивото во регионот. Ако е потребно ќе реагираме онака како што и досега реагиравме иако станува збор за берзански производи кои не зависат дали е некој подобар или полош претприемач или подобар или полош политичар, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по увидот во градежните активности з аизградба на клучката „Момин ПотоК3 во Скопје.
Тој нагласи дека сите ја купуваат нафтата од исто место, но, како што посочи, за разлика од земјите во регионот ние имаме убедливо најниски цени.
-Таа политика ќе продолжиме да ја водиме во периодот што следи и ќе реагираме ако е потребно, потенцира Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
