Мицкоски: Итно да се преземат законски измени со кои подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам
Премиерот Христијан Мицкоски денеска повика да се преземат законски измени со кои подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам.
-Во рамките на парламентарната процедура разговарав со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ итно да имаме измени во законите со кои подметнување пожар ќе биде оквалификувано како дело на тероризам, а одлагање на смет онаму каде што не му е местото ќе биде другои кривично дело кое ќе се казнува со казна затвор поголема од пет години, нагласи Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посета на Општина Јегуновце.
Премиерот информира дека уште во текот на вчерашниот ден Министерството за животна средина испратило допис до сите општини подитно да преземат мерки за расчистување на дивите депонии и сметот да се одложи таму каде што му е место.
-Ги повикувам и несовесните граѓани кои ги формираат овие диви депонии да престанат да ги формираат, затоа што сите оние кои што ќе бидат фатени ќе бидат најстрого казнети, апелира Мицкоски.
Премиерот претходно рече дека се идентификувани дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади пожарите и оти постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните во предизборието.
МИА
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува за злоупотреба на донации
-
Уште едно лице побарало медицинска помош
-
Тошковски: Ја засилуваме превенцијата
-
Презентирано решението за новата Универзална сала
-
Туристите од Турција повторно најбројни
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Никола Димитров, екс министер за надворешни работи
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла