Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска изјави дека јавноста треба да знае како се одвивале одредени процеси поврзани со „оживувањата“ на предметите на СЈО кога поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева беше веќе во затвор, како десетици луѓе беа судени за тероризам, а заштитени сведоци под присила давале искази за случувањата на 27 април во Собранието, но и за пренесувањето на ингеренциите за пожарот во модуларната болница во Тетово, за случаи во енергетиката, во делот на јагленот, дали постојат фирми кои што спонзорирале одредени политичари, нивни возила, имоти...
- Очекувам од новиот јавен обвинител во јавноста да излезе со став како „затвореникот тогашен Катица Јанева ги пренесе своите овластувања и ги оживеа предметите од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО). На кој начин и како беше тоа направено. Македонската јавност и граѓаните заслужуваат да знаат бидејќи тие ги плаќаа оние скапи милионски хонорари за тие т.н. обвинители кои беа дел од СЈО. Тоа треба да го знае македонската јавност бидејќи тоа се плаќаше од народните пари, а резултатот знаеше каков беше - заврши со една Луи Витон торба полна со банкноти со странска валута. Така заврши неславно тоа, кое требаше да биде симбол на правдата, а граѓаните кои го финансиираа тоа мора да ја знаат вистината, рече Мицкоски.
Второ, според него, мора да ја знаат вистината како беа судени десетици луѓе за тероризам и на кој начин функционираа заштитените сведоци - случајот поврзан со 27 април.
- Македонските граѓани мора да го знаат тоа. Не можеме да одиме напред ако вистината не се знае, и дали постојат т.н. заштитени сведоци кои под присила давале искази од страна на одредени лица од судството и од обвинителството кои биле вклучени во тој процес за 27 април. Тоа мора да го знае македонската јавност ако сакаме да одиме напред, рече премиерот.
Третата работа, како што кажа, сите оние поднесоци од институциите заедно со Државниот завод за ревизија што се во обвинителството а кои што остатоците од СЈО и претходната гарнитура ги држеа во фиока треба да се разгледаат и да се процесуираат.
- Доколку ова не се случи, јас не гледам дека во иднина некој може да биде заштитник на правдата. Како Модуларната болница се случи, зошто се случи, зошто се пренесуваа ингеренциите, дали сите се прифатени, како се случија многу случаи во делот на енергетиката, во делот на јагленот, дали постојат фирми кои што спонзорирале одредени политичари, нивни возила, имоти итн...Како се случија многу работи во минатото? Сето ова е документирано и поднесено во обвинителството. Тоа што не сме правеле естрада од сето ова, тоа е друга работа, но факт е дека е таму и очекувам од новиот државен јавен обвинител и неговиот тим да се позанимава, рече Мицкоски.
Ако немаме капацитет да отвориме толку многу случаи, одговори премиерот на новинарско прашање, Владата како што сега даде согласност за 200 нови вработувања во судовите, така ќе даде согласност и за вработувања во обвинителството.
Засега рече дека не е планирана средна со новиот државен јавен обвинител.
Мицкоски одговарајќи на прашање за одземањето на ингеренциите на обвинителката Ленче Ристовска за случаите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ е одлука на обвинителството и оти за тоа одговори треба да се бараат таму.
-Тоа е одлука на обвинителството. Јас немам што да коментирам тука, можеби треба нив да ги прашате, рече Мицкоски кој беше во Гази Баба.
МИА
Ново на Сител
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
-

Запален автомобилот кој го користел градоначалникот на Шутка
-

Царината поднесе кривични пријави против 9 лица: Дозволиле увоз на „Мерцедес-Мајбах“ со фалсификувани документи
-

Израел тврди дека го убиле Али Лариџани, иранскиот шеф за безбедност и „водач од сенка“
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
-

СДСМ ќе поднесе закони за намалување на данокот и акцизата на нафтените деривати и ДДВ за храната
-

ДУИ: Владата да донесе итни мерки
-

Филипче: Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ, затоа е исклучен од партијата
