Мицкоски: Кризата на Блискиот Исток е мошне сериозна, мојата борба е граѓаните да плаќаат поевтино од соседството

Светот влезе во период на нови конфликти и геополитички турбуленции. Пазарите на енергија се чувствителни, динамични и се менуваат од час во час. Економиите се под жесток притисок. Стабилноста на многу земји е на тест. Во вакви времиња, државите мора да бидат внимателни, сериозни и одговорни, вели премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Посочува дека како Влада прават анализи и преземаат чекори и нема да дозволат работите сериозно да се влошат. Мојата цел вели Мицкоски, е да имаме најефтини бензини во регионот.
-Како Влада сме посветени на две прашања. Првото - анализи и чекори за кризата која доаѓа предизвикана од светските случувања на Блискиот Исток. Владата нема да дозволи работите сериозно да се влошат и ќе реагираме. Мојата цел е да имаме најефтини бензини во регионот, и покрај реалноста која кажува дека мора да има поскапување. Но ќе се борам моите нашите граѓни да плаќаат помалку од сите останати во регионот. Токму и тоа беше целта на средбата со преставниците од нафтената индустрија, рече Мицкоски.
Мојата цел, нагласи тој, е да ги имаме најевтините извори на енергија во регионот и покрај реалноста дека мора да има зголемување на цените.
-Погледнете ги цените во соседните земји. Четириесет, педесет, шеесет проценти се повисоки од оние што ги имаат македонските граѓани денес, а нема никој да излезе од опозицијата и да го признае тоа на некого. И тие беа истите што не успеаја да обезбедат вакцини за македонските граѓани, па тогаш, во времето на најголемата криза, поради кризата, македонските граѓани мораа да одат во соседството да се вакцинираат, или пак направивме естрадна претстава и претстава на границата каде што добивме донација од скромни пет илјади вакцини, а денес никој не може да каже дека во споредба со тие земји во регионот, имаме педесет или шеесет денари по литар ниска цена на енергијата. Но, ќе продолжам да се борам нашите граѓани да плаќаат малку повеќе за да останат во регионот, вели Мицкоски.
Токму и тоа, додаде, била целта на средбата со претставниците на нафтената индустрија.
На денешната прес-конференција тој истакна деа Државниот пазарен инспекторат е на терен поради поплаките од граѓани дека на некои бензински пумпи има ограничување при точење дизел, но нагласи дека снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата е стабилно.
Тој посочи дека ваквите појави најчесто се забележани во пограничните општини, каде што има зголемен притисок поради значително повисоките цени на горивата во соседните држави.
- Државниот пазарен инспекторат е на терен. Забележани се такви однесувања на некои пумпи во погранични општини затоа што има голем притисок од соседните држави, каде цената на енергенсите е за повеќе од 40 до 50 проценти повисока од кај нас. Во соседна Србија таа е меѓу 120 и 130 денари по литар, кај нас е 71 денар за дизел. Како резултат на таквиот притисок имаме огромно зголемено количество на трошење на нафта и нафтени деривати и можеби поради тоа на одредени бензински пумпи има недостиг на количини, рече Мицкоски.
Тој додаде дека според информациите што ги добил од Државниот пазарен инспекторат, на целата територија на државата граѓаните и бизнисите непречено се снабдуваат со гориво.
- Од она што сум информиран од страна на ДПИ, на целата територија на државата граѓаните и бизнисите непрекинато се снабдуваат со нафта и нафтени деривати, нагласи премиерот.
Мицкоски истакна дека државните резерви се доволни за подолг период и дека енергетската состојба во земјата е стабилна.
- Државните резерви можат да покријат целодневен конзум повеќе од 62 дена, снабдувањето би рекол дека е повеќе од одлично. Кога почнавме да го рестартираме нафтоводот со нашиот јужен сосед на многумина им изгледаше чудно и невозможно, но поминаа сите тестови и можеме да го користиме и тој капитал. Може да го ставиме и на располагање на соседите и тие да го користат за нивните потреби. Македонија во моментот има стабилна енергетска состојба и е фактор на стабилност во регионот и граѓаните плаќаат најевтина цена за нафта и нафтени деривати, додаде Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

САД повторно ги ставија на чекање мировните преговори меѓу Украина и Русија поради војната во Иран
-

Хегсет: Трамп ќе ги диктира условите за предавање на Иран
-

Филипче: Да се намали ДДВ-то за горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната
-

Инфлација од 2,9 отсто во февруари
-

Осум пријавени настани со семејно насилство, приведени шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко
-

Вработена од ДЗС Кочани: За Пулс не сум добила никаква документација, подрачното одделение Кочани нема инспектор за заштита и спасување
-

Метеж на бензинските, граѓаните брзаат да ги наполнат резервоарите
-

Во Штип одбележани 83 години од депортацијата на Евреите
