Мицкоски: Македонија со убедливо најниска цена на горивата, не се планира ново намалување на ДДВ за дизелот

Остануваме со убедливо најниска цена на бензините и дизел горивото во регионот, со намалени акцизи за бензините и за дизелот и намалено ДДВ за бензините, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
На новинарско прашање, Мицкоски рече дека не се планира нова мерка за намалување на ДДВ за дизелот истакнувајќи дека според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) државава е меѓу првите три држави во Европа според аплицирани мерки во однос на БДП.
- Граѓаните од соседните држави ја зголемија потрошувачката на бензинските стници во Македонија, во одредни денови за 30 проценти. Ние сме горди што можеме да влијаеме за подобар стандард на граѓаните на соседните држави, меѓу кои што се Србија, Косово, Албанија и Грција, и делумно Бугарија. Како држава сме фактор на стабилност и продолжуваме со политика која ќе значи подобар стандард за греѓаните. Остануваме на намалените акцизи за бензините и за дизел горивата, остануваме на намаленото ДДВ за бензините и остануваме со убедливо најниска цена на бензините и дизел горивата во регионот, изјави Мицкоски, на новинарско прашање по присуство на панихида во црквата „Св. Спас“- Скопје по повод 123 години од смртта на Гоце Делчев.
Тој информира дека се уште траат проверките од страна на пазарните инспектори по сомнежите дека нафтени компании вршеле реекспорт на горива, споделувајќи дека станува збор за најмалку една компанија.
Проверките, посочи, се прават на основа на информации кои ги добивме од страна на лица во тој бизнис. - Наше е да ја провериме секоја информација што ја добиме. Во зависност од проверките, така и ќе реагираме. Проверките се уште течат, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драги Змијанац, претседател на „Меѓаши“
-

Историски успех на младиот Македон на Германската математичка олимпијада
-

32 возачи лишени од слобода за празничниот викенд
-

Македонското население старее, државата крои стратегија за зголемување на наталитетот
-

3 Мај – Без слободни медиуми нема демократија
-

Зголемен број на прегледи во дежурниот педијатриски пункт во Поликлиниката „Бит пазар”
-

Од конфликтот на Блискиот Исток до македонските пумпи: Колку поскапеа горивата?
-

Заштеди и до 50% при транспортот очекува прилепското стопанство ако се воведе железничкиот карго сообраќај
