Мицкоски најави 150 нови возила за Итната медицинска помош низ Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на промоцијата на новите полициски возила во Министерството за внатрешни работи, најави дека службите на Брзата помош низ целата држава ќе бидат подновени со нови возила. Според премиерот, во следните две години ќе бидат испорачани вкупно 150 возила.
-Во текот на следната година Владата донесе одлука да набави 100 возила за Итната медицинска помош и вредноста на тој проект е мислам околу 7,5 милиони евра, а во 2027 година ќе бидат набавени уште 50, како резултат на донација. Значи некаде отприлика 150 нови возила за Итна медицинска помош ќе имаат Здравствените домови, изјави Мицкоски.
Премиерот посочи дека децении не се инвестирало во службите на Итната медицинска помош и нагласи дека во Скопје во моментов функционираат само седум исправни возила, додека во многу градови во Македонија нема ниту едно исправно возило за итни случаи.
МИА
Ново на Сител
-

Исланд со осум голови разлика ѝ го нанесе првиот пораз на Шведска
-

Наполи убедливо поразен од Јувентус, Елмас одигра 70 минути
-

Србија европски првак во ватерполо
-

Хрватска ги задржа шансите за полуфинале со триумф над Швајцарија
-

Превозниците ќе ги блокираат граничните премини, бараат решение за престојот во шенген-зоната
-

Облачно со повремени врнежи од дожд
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
