Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја

Браќата Кирил и Методиј испратиле порака која и денес е современа и моќна - секој народ има право на образование, култура, духовен израз и свој јазик.
Народ кој не ја познава својата писменост и култура лесно станува туѓ во сопствената историја, порача премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што се одржува во Охрид по повод Денот на сесловенските просветители.
Од црквата „Света Софија“ каде се одржува свечената академија насловена „Од слово до вечност“, премиерот рече дека денес, одбележувајќи го делото на светите браќа Кирил и Методиј, ние не зборуваме само за двајца просветители од деветиот век, туку за темелот на една цивилизациска идеја дека човекот е вистински слободен само тогаш кога има право да мисли, учи, создава и да говори на свој јазик.
-Во едно време кога знаењето било привилегија на малкумина, тие испратиле порака која и денес е современа и моќна - дека секој народ има право на образование, култура и на свој јазик. Токму затоа нивното дело е поголемо од историски настан. Тоа е победа на светлината над темнината, победа на знаењето над покорувањето. Народ што не ја познава својата писменост и култура, лесно станува туѓ во сопственната историја. Тоа не е само историска поука, ова е и современо предупредување, порача Мицкоски.
Рече дека во време на огромен технолошки напредок кога светот се движи со невидена брзина и кога ваштачката интелигенција, дигиталните технологии и глобалните процеси отвараат нови хоризонти, но и носат опасност од површност и духовно осиромашување, повеќе од кога било, ни е потребно образование кое нема да спознава само луѓе со дипломи, туку луѓе со вредности, карактер и критичка мисла.
-Вистинското образување не е акумулација на информација, тоа е способност на човекот да разликува вистина од манипулација, вредност од привид. Образованието е најмоќното оружје со кое можеме да го промените светот, а и најсилниот штит со кој еден народ ја брани својата иднина, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Пожар на грчкиот остров Парос - пораки за евакуација на пет села
-

Нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“: МВР апелира граѓаните да не споделуваат податоци
-

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања, најмногу за породилни отсуства
-

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица – итно префрлена на Токсикологија
-

Момче со убодна рана пренесено во Клиничкиот центар во Скопје
-

Најмалку 50 луѓе повредени во големиот земјотрес во јужна Јапонија
-

При претреси во Куманово пронајдени дрога и оружје, приведени три лица
-

Голем земјотрес регистриран во јужна Јапонија, издадено предупредување за цунами
