Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека пораката од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, јасно ги демантира тврдењата на домашната опозиција и Филипче дека Владата не спроведува реформи.
-Пораката од претседателката на Европската Комисија беше многу јасна и децидна која го демантираше ова што го збори домашната опозиција - рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека Фон дер Лајен ја оценила работата на Владата како „импресивна“, што, според него, претставува исклучително силна позитивна оценка.
-Таа вели, вие правите импресивна работа, тоа, ќе се согласите ,претставува највисоко ниво на суперлатив и ќе се согласите дека таква реторика немаше на претходните дестинации што таа ги посети. Ние збориме за домашната политичка сцена, сега зборуваме дали оваа Влада се плаши да испорачува реформи или не се плаши. Потврдата дојде од највисокото ниво на ЕК, тоа е претседателката, која пред да дојде во Скопје, беше на неколку други места и само тука го искористи тој вординг, односно највисоко нивно на суперлатив, кога рече дека ние правиме импресивна работа во делот на реформите. Што значи, демантирани се лагите на опозицијата, ние работиме и реформираме - посочи премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
-

Наводи за мобинг во кумановскиот суд - Судскиот совет ја прифати претставката
-

Рокот на спорните серии на БСЖ во Македонија истекол во јуни годинава - нема ниедна несакана реакција
-

Вакцинацијата против грип ќе почне кон крајот на октомври
-

Измени за Законот за животна средина
-

Три години по нападот на Хамас врз Израел, како се смени безбедноста на еврејските заедници?
-

Пакетот закони за реформи на администрацијата и за минимална плата од 600 евра пред пратеници
-

Мицкоски: Само со дијалог може да го надминеме спорот со Бугарија
