Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски очекува дека денеска ќе има повторно намалување на цената на безоловните горива и дизелот, а како Влада постојано ги следат берзите и токму врз основа на анализите го очекува и денешното намалување. Премиерот Мицкоски истакна дека како држава остануваме со најниски цени кога станува збор за дизел горивото и безоловниот бензин.
- Отприлика од 25 до 50 центи по литар е поевтино кај нас горивото отколку во соседството. Нормално, тоа си има своја цена. Цената е отприлика 7 до 8 милијарди денари, и затоа, за да се избалансираат сите овие работи, ние ќе правиме ребаланс. Очекувам во текот на овој месец да биде завршена процедурата-изјави Мицкоски.
Премиерот Мицкоски порача дека за Владата останува прв приоритет да е стандардот на граѓаните, и како што рече „во овие тешки услови во светот кога насекаде имаме жаришта, конфликти, војни од епски размери, се трудиме колку толку да ја одржиме стабилноста на цените и да го одржиме она кое што претставува дух на инвестиции, да продолжиме да се развиваме во периодот кој што следи.“
Прашан за ребалансот на буџетот, во кои области се очекува да се крати, Мицкоски со одговор дека се намалуваат и расходите и приходите.
- Бидејќи кај приходната страна имаме помалку 7–8 милијарди денари, тоа е резултат на намалената цена на акцизите, односно намалените приходи од акцизите и намалените приходи од намаленото ДДВ, но ќе повторам, за нас приоритет е стандардот на граѓаните. Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин, од 25 до 50 центи по литар сме поефтини од сите во регионот. Така што тоа е наша цел, така што ќе се крати и на расходите и на приходите и мислам дека тоа нема да се почувствува во делот на економијата-рече Мицкоски по пуштањето во употреба детска градинка во општина Теарце.
МИА
Ново на Сител
-

Светската банка ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,2% за 2026 година
-

Белодробна чума?: Мистериозна смрт на вработена во анти-чума лабораторија во Иркутск
-

Дронови нападнаа бродови во бугарски води во Црното Море, Радев итно свика седница
-

Епидемија на мали сипаници во Пенсилванија, над илјада заразени
-

Сплит е домаќин на политичката елита од Јужна Европа
-

Италија ја победи Турција, Франција убедлива против Белгија во 4.коло од Лигата на нации
-

Македонските фудбалери и гостуваат на Швајцарија
-

ЦУК: До 07:30 часот вкупно 46 пожари, седум активни, еден под контрола
