Мицкоски: Пред помалку од две години како Влада почнавме од нула, а направивме Македонија да биде во топ пет во Европа по раст на БДП

Поминавме безмалку две години. Покажавме дека со скромни ресурси можеме да направиме многу. Во овој краток период направивме Македонија да биде во топ пет во Европа според растот на БДП, како процент од истиот. Постигнавме историски рекорд, над 1,255 милијарди евра странски директни инвестиции. Работиме на шест нови автопати, зголемивме пензии, градиме студентски домови, за студентите обезбедивме електронски уреди. Сето она коешто претставуваше проект, а беше заборавено од претходната влада го реализиравме и го реализираме, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод одбележувањето на 36 годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, настан кој вечерва се одржува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, се вели во соопштението од партијата, што МИА го пренесува интегрално.
Мицкоски во своето обраќање пред присутните истакна дека Македонија е меѓу првите пет земји во Европа според растот на БДП, посочи дека се постигнал историски рекорд од 1,255 милијарди евра странски директни инвестиции и најави капитални инфраструктурни проекти и инвестиции во патишта, железници, како и во здравство.
Премиерот Мицкоски најави дека во текот на неделата ќе биде објавен тендерот за физибилити студија и техничко решение за патот којшто ги поврзува Радовиш и Струмица.
„Она коешто сакам да го испратам како порака и од овде од Струмица, а коешто мислам дека е важно за овој крај, е дека оваа недела ќе биде објавен тендерот за физибилити студија и техничко решение за патот којшто ги поврзува Радовиш и Струмица и тоа ќе биде како додадена вредност на она што денеска го направивме, а тоа е конечното пуштање во употреба на болницата во Струмица, која што четири децении, замислете, четири децении не била завршена“, кажа Мицкоски и додаде:
„Сакам да се осврнам и на промените кои следат. Следува реконструкција на Владата. Од утре ќе започнам да работам на оваа тема, откако сме во финишот на екипирањето и промените кои се случија во партијата, каде што имаме околу 30 проценти нови претседатели на комитетите“.
МИА
Ново на Сител
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
-

Со „мерцедес“ бегал од полиција, удрил во дрво и избегал - во возилото биле пронајдени 12 мигранти
-

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6
