Мицкоски: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит

Средствата обезбедени преку краткорочна позајмица од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и од сопствени извори на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка поврзани со изградбата на автопатите, а во текот на август ќе им бидат вратени на компаниите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на новинарско прашање за намената на средствата, Мицкоски посочи дека не станува збор само за позајмица од М-НАВ.
- Не се само од МНАВ, таму имаме средства и од Лотарија, МЕПСО и сопствени средства на ЈПДП. Средствата ќе бидат искористени за враќање на кредит кон кинеската банка за автопатите и истите тие средства во август ќе бидат вратени на компаниите - рече Мицкоски во одговор на новинарко прашање по увид на градежни активности на изградба на клучката Момин Поток.
Тој нагласи дека станува збор за постапка која и претходно била применувана.
- Се прави вообичаена процедура што многу пати во минатото се правела. Во август тие средства ќе бидат вратени и кај МНАВ, и кај Лотарија и кај МЕПСО“ - изјави премиерот.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
