Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник

Вештачката интелигенција не е веќе технологија на иднината, туку на сегашноста и вистинското прашање денес е какво место ќе имаме ние во таа промена, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски.
Мицкоски, кој денеска се обрати на „Startup Revolution AI Summit“ во Скопје, порача дека македонија не треба да биде набљудувач на новата технолошка револуција, туку нејзин активен учесник.
- Вештачката интелигенција веќе не е технологија на иднината за која разговараме и се обидуваме да предвидиме како еден ден ќе влијае врз нашите животи. Таа е технологија на сегашноста, која веќе го менува начинот на кој работиме, учиме, комуницираме, произведуваме, лекуваме, истражуваме и создаваме компании. Затоа прашањето повеќе не е дали вештачката интелигенција ќе ги промени нашите економии и општества. Тоа веќе се случува. Вистинското прашање е какво место ќе имаме ние во таа промена - рече Мицкоски во обраќањето.
На претприемачите и сопствениците на компании им порача да не дозволат големината на домашниот пазар да ја определува големината на нивната амбиција.
- Македонија не треба да биде набљудувач на новата технолошка револуција. Треба да биде нејзин активен учесник. Во економијата на знаењето географијата станува помалку важна, а талентот, образованието, брзината, креативноста и способноста една добра идеја да се претвори во производ стануваат поважни од големината на територијата или бројот на жители. Нашата амбиција треба да биде идеи, производи и компании создадени во Македонија да растат и да се натпреваруваат на европскиот и светскиот пазар - истакна Мицкоски.
Градете ја Македонија, но размислувајте глобално и никогаш не дозволувајте стравот од неуспех да биде посилен од желбата да создадете нешто ново, порача премиерот.
МИА
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
