Мицкоски: Владата функционира одлично, нема да има предвремени парламентарни избори

Владата функционира одлично, составена е од три коалициски субјекти од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од коалицијата Вреди и од политичката партија ЗНАМ, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Во моментов, истакна тој, не гледа потреба од одржување на предвремени парламентарни избори.
- За да се распушти Парламентот формално се потребни 61 пратеник. Во моментот не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Во моите разговори со меѓународната заедница, но и од она што го разговарам со граѓаните и меѓународната заедница и граѓаните од оваа Влада очекуваат реформи. И тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака, рече Мицкоски.
-Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, истакна премиерот, додавајќи дека иако после локалните избори и оној апсолутен триумф на партијата и одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа приоритетот е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните.
Прашан дали ќе го разреши министерот за социјални работи и демографија Фатмир Лимани, кој најавил дека ќе формира нова партија, премиерот рече дека не е информиран за тоа.
Во однос на изборот на јавен обвинител, Мицкоски кажа дека се уште нема одлука. -Кога ќе имаме одлука јавноста ќе биде запознаена, рече премиерот.
МИА
Ново на Сител
-

Скопје ќе се украси до 15 декември – елка од 13 метри и новогодишни декорации за околу 73.000 евра
-

Македонските „Тигри“ меѓу десетте најдобри на меѓународен снајперски натпревар во Турција | ФОТО
-

ЕУ отвори истрага против Booking.com поради лажни огласи и измами – се заканува казна до 6% од глобалниот промет
-

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
-

„Џејмс Бонд“ оди на аукција
-

На бегалката Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство
-

Во Србија вечерва почнува изборен молк
-

Неверојатни снимки од пештерата Врело на Матка, на 338 метри под вода – нуркачот открива дека пештерата продолжува уште подлабоко
