Мицкоски: Во Македонија се случуваат убиства со автоматски пушки затоа што МВР е ортак со криминалците
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на општините Ново Село и Босилово кажа дека кога нема јасна линија помеѓу владата и криминалот и кога половина припадници на балкански картели со дрога имаат македонски пасоши кои што им се издаваат овде тогаш е нормално да криминалот си има своја држава.
- Кога нема јасна линија помеѓу владата и криминалот, кога половина припадници на балкански картели со дрога имаат македонски пасоши кои што им се издаваат овдека, тогаш е нормално да криминалот си има своја држава, и за жал тоа е нашата Македонија. Затоа велам колку побргу заминат толку побргу ќе дојде крајот на ова девијантно однесување, кажа Мицкоски.
Мицкоски во врска со убиството кое се случи пред некој ден потенцираше дека сето ова се случува затоа што во Македонија тој што треба да го гони криминалот е ортак со криминалот.
- Инаку на 300 метри од центарот на Скопје да се случи едно вакво убиство, многу прецизно луѓе со автоматски пушки да си шетаат и тоа не 1 туку 4, на 300 метра ќе повторам од центарот на главниот град, нити во најлошите и нај би рекол кинематографии не можете да го сретнете, но ете за жал големина очевидци тој ден, во тој локал или во околината видоа како се врши брутална егзекуција на луѓе на 300 метра од центарот на главниот град во Скопје. Тоа е причина само поради тоа што немаме јасна поделба помеѓу тој што треба да го гони криминалот и да биде ортак со него. За жал кај нас тој што треба да го гони криминалот е ортак со криминалот, додаде Мицкоски.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски учествува на годишниот состанок на УО Центарот за извонредност во финансиите - ЦЕФ
-

Мицкоски: Граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат
-

Врховен суд на Македонија домаќин на XVI годишна конференција на врховни судови од Централна и Источна Европа
-

ШКЛ - од денес до 30-ти јули, Штип во знакот на културата
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
