Мицкоски за дата-центрите: Многу јасно е каде оди светот и овој процес е неповратен, ја водиме Македонија во просперитет

Многу јасно е каде оди светот и овој процес е неповратен. Ние знаеме каде ја водиме Македонија и ќе ја водиме кон просперитет - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање поврзано со отворање дата-центри во земјата.
- Нашата опозиција не само што се однесува неодговорно кон економијата, кон државата, кон граѓаните, туку е изолирана. Изолирана со уште неколкумина, би рекол, во светот, во ова да се борат силно против центрите за податоци или во јавноста познати како дата-центри - рече Мицкоски.
Премиерот притоа посочи на порака на социјалните мрежи на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој се обраќа до противниците на развојот на оваа индустрија во неговата земја. Според Мицкоски, многу јасно е каде оди светот и овој процес е неповратен.
- И секогаш кога ќе појдете на исток, особено во азиските земји, кога ќе ги видите оние хуманоидни роботи, кога ќе видите како таму функционираат сообраќајните решенија, кога ќе се соочите со тие предизвици, тогаш се враќате овде со восхитување. А кога овде Владата ќе ви каже: Ајде луѓе ние да направиме нешто', е тогаш сте против, е тогаш работата не чини. Така што, тие нека си продолжат со својот талог и со своето политичко мочуриште. Ние знаеме каде да ја водиме Македонија и ќе ја водиме кон просперитет и иднина, барем јас додека ја водам оваа Влада. Понатаму нека си мислат следните влади - рече Мицкоски, кој денеска беше во посета на училиште во Бутел.
МИА
Ново на Сител
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
-

Бубрежна хронична болест, гојазност и дијабет – коморбидитети кај починатите од западно-нилска треска
-

Камионџиите повторно на протест - 30 отсто од капацитетите веќе не сообраќаат редовно
