Мицкоски: За ЕУ нема да водиме мекотелна политика

За ЕУ ние нема да водиме мекотелна политика, сто пати ви кажав - рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашање од лидерот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче, на денешната собраниска седница.
Мицкоски му порача на Филипче дека е мекото ткиво на македонскиот национален идентитет.
- Нема да водиме мекотелна политика. Вие сте мекото ткиво и сè додека давате вакви изјави, ќе имаме политичари од Бугарија што ќе знаат дека има меко ткиво во македонскиот национален идентитет и ќе се обидуваат секогаш да играат на картата на помал отпор. Не можете ништо со тоа да постигнете. Ќе останете запаметен во историјата како човекот што бил мекото ткиво од партијата што била мекото ткиво на македонскиот национален идентитет. Не ви го советувам тоа. Знаете што значи да останете запаметен во историјата, од Охрид сте, знаете кој и како ги предавал моштите - рече Мицкоски.
Филипче, претходно, при поставување прашања до премиерот, наведе: Што да се каже за европската интеграција? Јасно и гласно кажавте дека чекор напред земјава нема да направи.
МИА
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
