Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа
Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашањето во врска со најавите за штрајк на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ, доколку не се поништи последниот оглас за нови вработувања во М-НАВ.
-Не мислам дека е тоа причината. Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат, рече Мицкоски кој денеска присуствуваше на отворање на комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези.
Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ во известување до раководството на М-НАВ бара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк.
Повикуваат да се пристапи на итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на месецов, а во спротивно најавува реактивирање на штрајкот на 10. следниот месец.
Синдикатот во известувањето доставено на 16. месецов реагира и на неодамна објавениот оглас за нови вработувања во М-НАВ, за кои оценува дека „не одговараат на реалните, итни и суштински потреби на компанијата“.
Бара поништување на огласот, а евентуалното пополнување на работните позиции да се изврши преку прераспоредување на постоечки вработени во М-НАВ преку интерен оглас или со додавање на работни задачи на недоволно ангажирани вработени како и одделенски реорганизации и рационално прераспоредување на постојниот кадар.
Ново на Сител
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран
-
Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе
-
Просечната нето плата во април 45.452 денари
-
Украл пари од апарати во обложувалница, па пријавил во полиција - Кривична за лице од прилепско
-
Kрадел нафта, моторни масла и други предмети - приведен 64-годишен маж
-
Во прекин сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје