Македонија
12. јуни 2025 - 12:18

Мицкоски: Зад потезите на Бугарија стојат стратегии кои се стари со децении

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека потегот на официјална Софија да го испрати премиерот, наместо претседателот на Самитот во Хаг, претставува необична политичка егзибиција и сигнал за посебен начин на функционирање на бугарската политичка сцена.

Според него, ваквите потези отвораат простор за иницијативи на високо политичко ниво, но и потреба од македонска проактивност во справување со длабоко вкоренетите регионални политики и стратегии.