Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог

За оние, кои преферираат парадокс, кои бараат, но не разговараат кога ги повикуваме на дијалог, ќе повторам: оваа Влада нема да подлегне на уцени и од друга страна не можеме да бидеме пристрасни кон една општествена група на сметка на останатите, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница осврнувајќи се на протестите на земјоделците, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис изрази надеж дека протестите ќе се смират и потсети дека во текот на следната седмица ќе бидат комплетирани сите исплати за земјоделците во вкупен износ од 3,8 милијарди евра, но и дека од 27 доставени барања од земјоделците 20 се веќе исполнети или дека може да се дискутираат.
– Земјоделците ги испратија нивните пораки, но и државата одговори врз основа на можностите на економијата и многу специфичните обврски што ги презеде кон Европската Унија. Сега мислам дека е на ред заедничката одговорност кон општеството, кон трговијата, кон транспортот, што очигледно треба да е слободен, кон локалните пазари, што имаат потреба да функционираат, кон зимските дестинации, што ги чекаат овие денови за да можат да го зголемат својот промет, но и кон десетиците илјади патници кои планираат да празниците да ги поминат во други региони, посочи Мицотакис.
Додаде дека приоритет е безбедноста на граѓаните во сообраќајот и „не треба да се ризикува да се случат сообраќајни несреќи на опасни споредни патишта“.
– И тука сакам да бидам апсолутно јасен: сообраќајната полиција ја носи одлуката за пуштање во сообраќај на кој било пат, а безбедноста на патиштата е секогаш прв приоритет и приоритет за кој не се преговара, додаде грчкиот премиер.
Земјоделците од денеска најавија дека ќе ги олабават блокадите, ќе ги отворат патиштата за граѓаните слободно да патуваат во пресрет на Божиќ, но без при тоа да ги отстранат тракторите.
Ги оставија тракторите паркирани во една или две коловозни ленти, за што од полицијата сметаат дека не е безбедно на таков начин да се одвива сообраќајот.
МИА
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
