Милевски: Имаме максимален респект за Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација утре од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го игра квалификацискиот натпревар од групата против Лихтенштајн. Нашиот национален тим ќе се обиде да стигне до домашна победа во циклусот, откако на првите два дуела дома одигравме нерешено со Велс и со Белгија.
Селекторот Благоја Милевски истакна дека нашиот тим е фаворит на хартија, но предупреди дека тоа мора да се докаже и на теренот.
– Сите играчи се здрави и подготвени. Имаме максимален респект за Лихтенштајн и воопшто нема да биде лесно. Додека сум селектор, никогаш нема да потценам ниту еден противник. Нашата цел е јасна, три бода кои се исклучително важни во моментов. Задоволен сум од изданието на фудбалерите кои дебитираа против Саудиска Арабија. Лука Станковски, Елмин Растодер и Решат Рамадани покажаа дека имаат квалитет и се разбира дека сметаме на нив и на натпреварите за бодови, изјави Милевски.
Нашата репрезентација со евентуална победа ќе се врати на првата позиција на групата. Во моментов има осум бодови, два помалку од Велс, кој утре нема натпревар од квалификациите.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
