Милошоски: Потребна е јавна расправа со експерти за договорот со Бехтел и Енка,
СДСМ и ДУИ имаат погрешна теза, бараат да избереме форма, а бегаат од содржината. Не е важно во која комисија ќе се разгледува договорот кој го потпишале Груби и Бочварски, важно е да го видиме договорот. Затоа го бараме бидејќи тој договор ќе вреди отприлика 2 милијарди евра, тоа се народни пари, државни, никој не ги бара нивните приватни договори, туку овој договор кој ќе го платат граѓаните, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за “Тема на денот“ во дневникот на Сител.
Милошоски потенцираше дека за да може да се разгледа некој договор, треба да се има материјал и ако се навистина добронамерни и постои политичка волја треба владата да го достави договорот со Бехтел и Енка.
- Се работи за обемен документ и не е едноставна терминологија, треба да ни се даде можност од неколку дена да го прочитаме и потоа да организираме седница на која ќе ги кажеме сите забелешки, но и ќе ги откриеме сите штетни клаузули кои се на штета на буџетот на Македонија, рече тој.
Во однос на тоа што владата го крие договорот Милошоски потенцираше дека тоа е уште една индикација дека СДСМ и ДУИ кријат коруптивни клаузули во овој договор.
- Законот за класифицирани информации пишува што е државна тајна, а тоа е информација чие откривање може да предизвика непоправлива штета за интересите на Македонија. каква е таа непоправлива штета од тоа граѓаните да го видат договорот со кој треба да се изгради автопат, тоа не е државна тајна. Ако некој смета дека цената на бетонот, асфалтот, градежните материјали кои ги пренапумпале е државна тајна, тоа е друга работа, тоа веќе прикривање на неовластено класифицирање на документи, изјави Милошоски.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ доколку го добие договорот планираме јавна расправа или на комисиска или на јавна владина седница односно тоа што го пропушти власта, да покани луѓе од Градежен факултет, експерти, правници за да се види како штетите кои се направиле може да се минимизираат и како проектот можеме да се оптимизира со сите тие негативни клаузули.
- Кога ќе дојдеме на власт имаме две опции или раскинување на договорот, но тогаш би се плаќале големи казни и пенали и нема да имаме ништо завршено, а втората опција е да се разгледа што може да се спроведе, каде да се дадат дополнителни рокови и како може да не се наруши платниот биланс на буџетот. 53 милиони евра државата да плати само заради тоа што нема да се смени работната недела од 40 на 60 часа тоа е како да сте изгубиле болница или неколку училишта, рече Милошоски.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
-

Поевтинување на горивата од полноќ - ова се новите цени
-

Приведени шест малолетници од Скопје, со употреба на остар предмет од малолетник одзеле пари
-

25-годишник пијан предизвикал пожар во своето село, измерени му се 2,36 промили алкохол во крвта
-

За само шест месеци откриени над 6.300 AI-слики со сексуална злоупотреба на деца
