Минчев: Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции

Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции, управните одбори се сведуваат на три члена, а статусот в.д. станува исклучок строго временски и правно ограничен, рече денеска министерот за јавната администрација Горан Минчев, презентирајќи го Предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите.
На јавна дебата за Предлог-законот, Минчев напомена дека со предвиденото решение прв пат се воспоставува единствена и кохерентна рамка за уредување на највисоките државни раководни функции - кој, како и под кои услови ги води клучните институции.
-Прв пат се воспоставува единствена, јасна и системска рамка за именувањето, мандатот, одговорноста и разрешувањето на највисоките раководни позиции во администрацијата. Воведуваме појасни и унифицирани критериуми за избор на директори, државни секретари и членови на колегијални органи на државната управа, но и за членови на управни одбори за кои досега не постоеја речиси никакви правила, подвлече Минчев.
Според него, мерит принципот станува правило, а не исклучок - оној што раководи ќе мора да знае, да може и да одговара.
Законското решение предвидува транспарентна постапка за именување на високо раководните функционери, но и јасно ги уредува мандатите и го ограничува изборот.
-Позицијата веќе не е титула, туку одговорност. Раководителите ќе имаат јасна обврска да испорачуваат резултати, потенцира Минчев.
Предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите од 31 декември е на ЕНЕР.
-Кога зборуваме за реформи во јавната администрација мислиме на суштински промени во чие спроведување се вклучени сите засегнати страни. Дијалогот, а не наметнувањето е единствениот пат за носење квалитетни решенија, рече министерот.
На јавната дебата, покрај директори на институции и раководни лица, присутен е и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.
МИА
Ново на Сител
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
-

Мјузикал „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски - премиерата во мај
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
