Охрид подготвен за Водици
Охрид подготвен за најмасовната културно –верска манифестација Богојавление –Водици. Годинава за првпат новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија Георгиј ќе го положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро во 10 часот . Богослужби ќе има во сите парохиски цркви, почнувајќи од раните утрински часови.
Голем е интересот на пријавени капачи кои сакаат да бидат дел од настанот. До сега има околу 300 но се очекуваат илјадници капачи ,покрај охриѓани своето учество го пријавиле и голем број верници од други градови на Македонија.
Во пресрет на еден од најголемите христијански празници екипи на јавните претпријатија работеа на терен за целосно чистење на пристаништето,за езерското дно се погрижија нуркачите а медицински тимови ќе вршат здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“.
За празникот Богојавление години наназад илјадници верници како од градот, така и пошироко присуствуваат на големиот водосвет.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
