Министерот Спасовски без одговор дали Tемелко е уапсен без налог и упати на друга институција
Министерот за внатрешни работи нема одговор дали полицијата имала судски налог за приведување на градоначалникот на Пустец, Едмон Темелко, кој тврди дека при упадот во неговиот дом во Ресен, не му бил презентиран никаков документ од полициските службеници кои насилно влегле во неговиот дом. Спасовски, како прв човек на министерството за внатрешни посочи одговорот да се бара на друго место .
Спасовски нема одговор ниту за истрагата за случајот Фабрика за афери. По неколку месеци од откривањето на 78 панцири во домот на Захир Беќири, првиот човек на секторот внатрешни повоторно одговорот на прашањата ги гледа во друга институција.
По повеќе од три месеци на позицијата министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски успеал да расчисти само еден од големиот број на случаи за напади врз новинари. Спасовски денеска тврди дека пропустите во истрагите направени во досегашните постапки, оневозможувале брзо расчистување на овие случаи.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
