Министерот за јавна администрација Минчев ја честита 250 годинишнината од независноста на САД

Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, упатувам срдечни честитки до американскиот народ и до Владата на САД по повод историскиот јубилеј - 250 години од Денот на независноста, стои во честитката на министерот за јавна администрација, Горан Минчев по повод 250 годинишнината од независноста на САД.
Овој ден, се додава во честитката, претставува цивилизациски белег на модерната државност и институционалната еволуција на една нација која низ вековите изгради уставен поредок заснован на слобода, легитимитет и владеење на правото.
-Во изминатите два и пол века, САД се етаблираа како глобален носител на демократскиот плурализам, институционалната отпорност и политичката предвидливост, со силно влијание врз обликувањето на меѓународниот систем и современите демократски стандарди. Република Македонија високо го вреднува своето стратешко партнерство со САД, кое претставува темелна оска на нашата надворешна политика и клучен фактор за стабилност, безбедност и за процесот на приближување кон евроатлантските структури, врз основа на заеднички вредности како демократија, владеење на правото и институционален интегритет - нагласува Минчев.
Во тој контекст, Минчев посебно ја нагласи улогата на реформите во јавната администрација како суштински столб на современото државно управување.
-Поддршката и соработката со САД во насока на јакнење на административните капацитети, дигиталната трансформација и унапредување на доброто управување претставуваат значаен импулс за создавање ефикасни, транспарентни и сервисно ориентирани институции. Упатувам искрени желби за понатамошен развој, единство и просперитет на американскиот народ - нагласи министерот.
МИА
Ново на Сител
-

Ристоска ја тужи ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда
-

Стопирањето со БСЖ вакцината ги зголеми загриженоста и одговорите што ги бараат родителите
-

Преглед на вестите од светот
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
