Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
Потрошувачката кошница на Министерството за економија во август изнесува 58.475 денари, околу 11 илјади денари помалку од синдикалната.
Министерот Дурмиши вели дека разликата е во методологијата, односно во производите и трошоците што се пресметуваат. На прашањето колку пари им остануваат на граѓаните откако ќе ги платат сите сметки, Дурмиши не даде конкретен одговор, туку рече дека пресметката покажува колку му се потребни на едно четиричлено семејство за еден месец.
За инфлацијата од 2,7 проценти во септември, тој рече дека земјава има пониска инфлација од европскиот просек и дека намалувањето на акцизите за горивата помогнало да се заштити животниот стандард. Кажа дека околу 30 илјади граѓани земаат минимална плата, но според неговите тврдења, останатите 98 проценти од вработените земаат повеќе од минималната.
