Македонија
14. September 2023 - 16:35

Министерот за здравство не е сигурен дали КАТО системот е доволно добар

И по две недели од скандалот на Онкологија, министерот уште размислува дали ќе го врати системот за контрола на терапијата. Се уште се анализира дали е исплатлив КТ системот кој беше исклучен или ќе биде подобро да набават нов посовремен. Меџити вели, системот кој сега го поседува Онкологија не го препознава лекот, туку само количината која се троши. 

По информациите дека и тој се сомневал како работел екс директорот Нино Васев и како ја издавале терапијата, Меџити вели нема конкретни докази. Уште пред да влезе Обвинителството, тој наложил да се изврши контрола во оваа клиника, но во извештајот не биле утврдени некакви пропусти.

Инаку уште претходниот министер за здравство го разреши тогашниот директор Васев поради огромните долгови на клиниката и немањето критериуми за издавање на скапата биолошка терапија.