Министерство за економија и труд: Да се применуваат мерките за заштита на работниците од горештините
Од Министерството за економија и труд попладнево информираат дека согласно усвоената информација за спроведување мерки од Фаза 3 на Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението (2025 - 2030), тоа активно ги координира и имплементира препораките за заштита на работниците и подобрување на работните услови во летниот период.
Во услови на екстремни топлотни бранови, Министерството ги повикува сите работодавачи во јавниот и приватниот сектор да ги применуваат мерките.
- Одложување на работните активности во најтоплите часови од денот - од 11 до 17 часот, особено за работници кои се изложени на директна топлина. Воспоставување можности за работа од далечина, флексибилно или двократно работно време каде што е изводливо. Обезбедување на соодветни микроклиматски услови во работните простории, со температура до 25°C, освен каде што природата на работниот процес тоа не го дозволува. Ослободување од работни обврски на бремени жени и лица над 60 години, доколку не се обезбедени соодветни услови за работа, со исклучок на вработените во критична инфраструктура - здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија, се наведува во соопштението.
Министерството за економија и труд нагласува дека ќе продолжи да ги следи и координира активностите за заштита на здравјето и безбедноста при работа, во соработка со Министерството за здравство и останатите релевантни институции.
- Овие мерки имаат за цел да ги намалат ризиците од топлотен стрес и други здравствени последици за вработените, како дел од националниот одговор на предизвиците од климатските промени и екстремните временски услови. Министерството ги повикува јавноста и бизнис-секторот на соработка и одговорност во спроведувањето на препораките за заштита на работниците и обезбедување безбедни и здрави работни услови, се истакнува во соопштението.
Ново на Сител
-
Арсовска: Инспектор од МВР фатен како прави див приклучок за вода, во бес физички напаѓа советничка | ВИДЕО
-
Целосно нормализиран сообраќајот на ГП Блаце
-
Сончево и многу топло, температура до 41 степен, од утре освежување
-
Продолжува амандманската расправа за ребаланост на Буџетот
-
До седум часот утрово активни седум пожари, велат од ЦУК | ВИДЕО
-
МЗ: Пожар во кругот на болницата во Битола, нема штета и повредени
-
Трамп го пролонгира стапувањето во сила на реципрочните царини до 1 август
-
57-годишен скопјанец бил фатен како подметнува пожар во Ѓорче Петров