18 лица побарале помош на Токсикологија како последица од пожарите
18 лица побарале помош на клиниката за токсикологија, поради вдишан чад и токсични материи од пожарите кои ја зафатија Македонија изминативе три дена. Шест биле хоспитализирани, но поради подобрување на состојбата се пуштени на домашно лекување, а во моментов на токсикологија се задржани двајца.
Дел од нив учествувале како волонтери во гаснење на пожарите, имало и двајца пожарникари и двајца припадници на полицијата.
Директорот на токсикологија, апелира до волонтерите да не се пуштаат во првите редови за гасење на пожарите како професионалците, да користат заштитни маски, а ако вдишале премногу чад да се пријават на клиниката за токсикологија.
Како да се заштитат пак граѓаните кои живеат на местата каде има пожари, каде горат отпадни материи, диви депонии? Ризикот од сериозни здравствени проблеми е голем на граѓаните кои ќе вдишат чад од депониите каде се испуштаат екстремно токсични гасови и пареа на тешки метали, вели Чибишев.
Во пожарите кои ја зафатија Македонија, досега има две жртви.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар