Министерство за правда: Предлог-законот за помилување е доставен во владина процедура
Предлог-законот за помилување е доставен во владина процедура, соопшти денеска Министерството за правда.
Меѓу клучните новини содржани во овој Предлог-закон, како што информира Министерството за правда е прашањето за правото на претседателот да помилува лица од казна и од кривично гонење.
Ова, како што се наведува, беше едно од најекспонираните прашања за што работната група застана зад решението согласно кое претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица.
- Мошне значајни се и решенијата со кои е детално разработена постапката за помилување, каде се предвидени кратки рокови за секоја од институциите кои се вклучени во постапката за помилување. Притоа, тука се значајни и конретните одредби за одговорност на лицата кои постапуваат по предметите, но и на нивните претпоставени, се вели во соопштението.
Од ресорното Министерството потсетуваат дека минатата година беше формирана работна група составена од претставници од релевантните институции од правосудството, како и претставници од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија и од научната фела.
- При изготвувањето на законот беа разгледани повеќе компаративни искуства од кои посебно се значајни решенијата содржани во правните системи во државите членки на Европската Унија и од оние држави со кои имаме слични правни системи, стои во соопштението.
Причините за донесување на Законот за помилување, како што се наведува, пред се произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот закон кои беа лоцирани во неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања кои се предлага да бидат регулирани со новиот Закон.
Постојниот Закон за помилување беше донесен во 1993 и претрпе бројни измени и дополнувања, а одредени одредби беа укинати од страна на Уставниот суд.
Ново на Сител
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“
-
Сончево и топло, со температури до 37 степени
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија