Македонија
19. August 2025 - 8:29

Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт ќе потпишат Меморандум за соработка

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со делегација од Германскиот археолошки институт од Берлин, СР Германија, и од Музејот на град Скопје, денеска ќе го посетат археолошкиот локалитет Скупи. Во рамките на посетата ќе биде потпишан Меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт – меѓународнa истражувачка институција под надлежност на Федералното министерство за надворешни работи на Германија.

На настанот, како што соопштија од Министерството за култура и туризам, ќе биде потпишан и Договор за соработка меѓу Германскиот археолошки институт, кој има долгогодишна традиција во вршење археолошки истражувања на најзначајните археолошки локалитети во светот и Музејот на град Скопје.

 

МИА