Министерството за правда на САД објави сведоштва на партнерката на Епстајн, но не и списокот на клиенти
Министерството за правда на САД објави протоколи и белешки од сослушувањата на Гислен Максвел, поранешната партнерка на покојниот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстајн. Документите се состојат од неколку стотици страници составени под надзор на Тод Бланш, заменик-генерален обвинител, јави ДПА.
Тие не содржат список на клиентите на Епстајн – клучна точка во теориите на заговор кои се фокусираат на наводната злоупотреба на малолетни девојчиња од страна на неговите истакнати пријатели.
Американските обвинители повторно ја испрашуваше Максвел на крајот на јули, објавувајќи дека Министерството за правда ќе објави дополнителни информации во неодредено време.
Судот во Њујорк ѝ изрече на Максвел 20-годишна казна во 2022 година за нејзината улога во поставувањето мрежа за сексуална злоупотреба на девојчиња по наредба на Епстајн. Тој изврши самоубиство во затвор во 2019 година, а таа останува зад решетки.
Според новите документи, Максвел кажала дека поранешниот претседател Бил Клинтон никогаш не го посетил Литл Сент Џејмс, карипскиот остров на Епстајн.
Претседателот Доналд Трамп постојано инсистираше дека Клинтон го посетил островот во неколку наврати.
Епстајн е обвинет за злоупотреба и подведување малолетни девојчиња за низа истакнати клиенти, за кои се вели дека се на список, чие постоење Максвел го негира.
Самоубиството на Епстајн предизвика бурни шпекулации поради неговите контакти со познати личности, милијардери и политичари од највисоко ниво.
Трамп и Епстајн едно време беа блиски соработници. Но, Гислен Максвел во интервју кажа дека никогаш не го видела Трамп да се однесува „во несоодветна средина на кој било начин“. Таа го опиша како „џентлмен во секој поглед“.
За време на неговата изборна кампања, Трамп вети дека целосно ќе ги отвори досиејата на Епстајн, но неисполнувањето на ветеното доведе до зголемен притисок врз него од неговите поддржувачи.
Федералните судови на САД одбија да објават запечатен материјал од сослушувањата на големата порота поврзани со случајот Епштајн.
МИА
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати