Преглед на вестите од светот
Украина нема да отстапи територии на окупаторот. Ваква порака испрати украинскиот претседател Зеленски на одбележувањето на Денот на украинското знаме.
-Ова знаме е цел и сон на привремено окупираните територии на Украина. Тие го чуваат знамето. Тие го чуваат затоа што знаат дека нема да ја подариме нашата земја на окупатор, вели Зеленски.
Во меѓувреме, шефот на руската дипломатија вели ги урна надежите за средба Зеленски – Путин. Вели дека нема агенда за можен самит меѓу лидерите на двете завоени држави. За Путин прифатлива е средба, но под услов да има соодветна агенда за таков состанок, нешто што во моментот изостанува.
И Москва и Киев се обидуваат да му покажат на американскиот претседател Доналд Трамп дека се подготвени да седнат на маса и да постигнат мировен договор. Тој, пак, ја обнови заканата кон Москва со нови можни санкции доколку нема напредок кон мирно решение на војната. Во игра се нови санкции или нови царини, но можеби и двете.
И Путин и Зеленски одделно беа на состанок со Трамп. Путин во Аљаска, Зеленски во Вашингтон. Москва бара Украина да се откаже од регионот Донбас, на истокот од државата, Киев, пак, бара безбедносни гаранции од Европа и САД. Русија веќе кажа дека за нив се неприфатливи воени мировници од западните држави.
Обединетите Нации и официјално оценија дека Појасот Газа се соочува со глад поради рестрикциите и опструкциите на хуманитарната помош од страна на Изаел.
Обединетите нации побараа итен целосен прекин на огнот и непрестана испорака на храна и се што им е потребно на Палестинците во Газа.
-Не се сомневајте дека ова е неоспорно сведоштво. Тоа е глад, гладот во Газа. Тоа е глад што можевме да го спречиме доколку ни беше дозволено. Сепак, храната се натрупува на границите поради систематските опструкции од страна на Израел. Тоа е глад на само неколку стотини метри од храната, во плодна земја.
Повеќе од милион луѓе во Газа се соочуваат со глас, а повеќе од 100 луѓе загинаа како резултат на неухранетост. Според меѓународните организации, гладот сега се проширува и на други региони каде живеат Палестинци.
Според проекциите на Обединетите нации, до крајот на септември со глад ќе се соочат 640.000 луѓе, но околу 1,5 милиони ќе живеат во критична состојба.
Палестинците повеќе пати досега алармираа дека се мета на израелските безбедносни служби на пултовите на кои отишле да земат храна.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар