Мираковски: Пожарите и во шумите и на депониите се штетни по здравјето на луѓето
За жал пожарите на депониите, а особено на дивите депонии, каде што не го знаете ниту составот на отпадот на материјалот, којшто е депониран, се многу опасни, бидејќи емитираат состојки, кои во кратко време се со високи концентрации на многу токсични компоненти и се шират во близината на местото, каде што настанал пожарот и тоа е една од причините, коишто дополнително го загадува воздухот.
Ова е ставот на ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Дејан Мираковски, а воедно и еден од експертите за мерење на загадување на воздухот во лабараторијата АМБИКОН при УГД-Штип, кој денеска одговараше на новинарско прашање, колку опасни беа вчерашните пожари и на депонијата на старо железо во скопскиот регион, но и на шумските пожари во земјата.
-Емисиите се присутни во воздухот, додека трае пожарот. Генерално или тие се дисперзираат во широк простор, неограничен простор, па се намалува нивната концентрација и не е опасна за здравјето или се таложат во околината на пожарот. Генерално покрупните честички, другото се расејува во многу широк простор и се намалуваат концентрациите, вели Мираковски.
Тој посочува дека за луѓето е опасно е да биде блиску до чадот и тоа директно до чадот од пожарот, а какошто вели за жал канцерогени супстанци има во се што се согорува.
- Имаме и во дрвата од 24 идинтефикувани компоненти од димот, од чадот од дрвата 14 се канцерогени. Било кое согорување е проблематично и од тие причини не само од аспект на климатските промени, човештвото се труди да го намали согорувањето,за сметка на некои други извори на енергија, односно да ја произведуваме енергијата на почист начин, изјави Мираковски.
Тој додаде дека во текот на летниот период има загадување на воздухот и од шумските пожари, но и од депониите, кои се нестандардни и несанитарни.
-Ние со загаденоста на воздухот имаме проблем во текот на зимата. Но, за жал и во текот на летните месеци ни се јавуваат високи концентрации на загадувачки материи, токму поради пожарите. Главната причина е затоа што нашите Системи за управување со отпад се нефункционални, односно наместо депонии имаме некакви нестандардни, несанитарни ѓубришта, а не депонии и со отпадот не се управува соодветно. Додека не ги создадеме условите сигурно нема да се поместиме од оваа точка, подвлече Мираковски.
Тој потенцира дека мора да создадеме услови отпадот да се прифаќа, третира и тоа пред да се депонира, но и да се депонира, тоа што не може да се искористи.
- Повеќе години работиме на тој проблем, некој напредок, јас лично немам информации, но не гледам дека има, вели Мираковски.
Тој посочи дека и Брегалничкиот регион е еден од тие региони, каде што се уште нема систем за управување со отпад. Над една деценија се чека на изградбата на современата фабрика за отпад во Светниколското село Мечкуевци, а во којашто треба да се третира отпадот од општините од Источниот и Североисточниот регион. Ректорот на УГД-Штип, Мираковски потенцираше се додека не почнеме со управувањето на отпадот и со новите системи ќе има отпад на сите страни и во урбаните, руралните средини, но и низ самата природа, а потоа тој отпад лесно се запалува во самата животна средина и предизвикува пожари. Мираковски рече дека токму поради ова имаме и загаден воздух, реки и почва. Според него институциите мора да се фокусираат и да го решат управување со отпадот и изградба на современи регионални фабрики за отпад
Ново на Сител
-
Притвор за сопственикот на отпадот по нападот врз новинари
-
Мицкоски: Го зачувавме статусот на Охридското Езеро, ќе се урнат дивоградбите
-
Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер Георгиев: Тоа е како кога глушецот го задева лавот
-
Татко ја врзал со јаже за врат и раце својата 11-годишна ќерка, снимал и објавил на социјални мрежи | ВИДЕО
-
Имаме докази и приведени лица за подметнати пожари со координирана и добро осмислена акција, вели Мицкоски
-
Мираковски: Пожарите и во шумите и на депониите се штетни по здравјето на луѓето
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во стан во Ѓорче Петров
-
Тројца малолетници кај Ајватовски рид фатени со бензин, петарди, запалка и течен лепак