Мисајловски: Армијата останува да помогне во Гостивар додека има потреба за тоа

Армијата останува да помогне во Гостивар додека има потреба за тоа, рече денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски во Штип, каде изврши увид во касарната „Јане Сандански“ на реновираниот објект кој е дел од инфраструктурните проекти кои се реализираат во касарните низ државава.
-Во Гостивар ќе останеме како Армија, за давање дополнителна техничка вода, нашите капацитети што ги имаме ги ставивме на располагање насекаде, цистерни и различни видови на опрема. И ќе бидеме постојано таму, иако веќе техничка вода има. Но, во зависност од потребата на Управувачкиот комитет, на секој еден граѓанин во Гостивар, Армијата ќе остане таму, нема лимит. Додека сме потребни таму ќе бидеме. Дали ќе се користи капацитетот на Армијата доволно или не, во овој момент можеби тоа е второ прашање, прво прашање е дека Армијата таму останува да помогне - истакна Мисајловски.
МИА
Ново на Сител
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
-

ДКСК одлучуваше по 66 предмети
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска резултати од тестирањето на водата во Гостивар
-

СДСМ: Политичка одговорност за состојбата во Гостивар
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема легитмитет да обвинува
-

Три лица загинаа пред Блаце
