Мисајловски: Имаме стабилна и безбедна ситуација, тоа што го прави претседателот Трамп за мирот го поздравуваме

Македонија има стратешки пријатели, не само во НАТО, туку и надвор од НАТО, соседи, имаме стабилна и безбедна ситуација што е многу важно за една целосна безбедносна слика, изјави вечерва во своето гостување во Тема на денот на Сител телевизија министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
Мисајловски рече дека планот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп е за поздравување, бидејќи веќе четири години во Украина гинат луѓе.
- Ние го поздравуваме ова што го прави американската администрација, претседателот Доналд Трамп бидејќи само со оваа иницијатива може да се стигне до мир, затоа што веќе четири години гледаме како во Украина, за жал, гинат луѓе, рече министерот Мисајловски..
Мисајловски за средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција рече дека имале интересна средба при што биле отворени повеќе прашања, и на кој начин може да се помогне, притоа додавајќи дека Македонија има помогнато многу како сега, така и во минатото.
- Имавме интересна средба, премиерот и ние како делегација, се отворија многу теми, но се разбира поддршката што ја даваме не е мала, како сега, така и во минатото. Моментално што се случува на бојното поле, што се следните чекори, што очекуваат властите во Украина, бидејќи секој ден имаме многу ракетни напади, особено со Киев и други градови, снемува струја, гинат луѓе, и како секоја земја членка на НАТО се отвора прашањето како може да се помогне. Ние веќе многу сме помогнале, но дополнително треба да гледаме како да го обновиме тоа што претходно е дадено и истовремено да бидеме лојален партнер и да имаме стратешки пријатели, појасни Мисајловски.
Нашата земја има стратешки пријатели во НАТО и надвор од НАТО вели министерот Владо Мисајловски.
- Она што е важно во овај период што Македонија има стратешки пријатели, имаме стабилна и безбедна ситуација што е многу важно за една целосна безбедносна слика, потенцираше Мисајловски.
МИА
Ново на Сител
-

Мисајловски: Имаме стабилна и безбедна ситуација, тоа што го прави претседателот Трамп за мирот го поздравуваме
-

Франција: Речиси 70.000 смртни случаи поради тутун, голем товар за јавното здравје
-

ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност
-

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор од Прилеп
-

ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може да претставуваат злосторства против човештвото
-

Ѓорѓиевски: Градежните активности се одвиваат во полн ек
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
