-->
-->
Мисајловски ќе ја посети касарната во Штип и ќе изврши увид во реновираниот објект
-->

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски, денеска ќе ги посети припадниците на лесната пешадиска баталјонска група во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
Во рамки на посетата, министерот ќе изврши увид во реновираниот објект кој е ставен во функција во касарната, како дел од активностите за подобрување на условите за работа и престој на припадниците на Армијата.
Од Министерството за одбрана информираат дека посетата е дел од редовните активности на министерот Мисајловски за следење на напредокот на градежните проекти во касарните низ државата.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во месецот посветен на машкото здравје бесплатно тестирање на рак за простата во ЗД „Железничар“
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнува дебатата за буџетот
-

Мицкоски: СДСМ работи на штета на Алта банка Битола
-

СДСМ: Савески да постапи за Алта банка
-

И во месец ноември Охрид има посетители
-

Климатските промени го менуваат земјоделството
-

Преглед на вестите од светот
