Мисајловски на отворањето на „EUROSATORY 2026“ во Париз, фокус на модернизацијата на Армијата

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбрана и безбедност „EUROSATORY 2026“ во Париз, еден од најзначајните глобални настани во областа на одбранбената индустрија и безбедноста.
Саемот, кој се одржува од 15 до 19 јуни во изложбениот центар „Paris Nord Villepinte“, претставува најголема светска изложба за копнена и воздух-копнена одбрана, на која учествуваат илјадници компании, владини делегации и воени претставници од повеќе од 100 држави.
На „EUROSATORY 2026“ се презентираат најновите достигнувања во воената технологија, вклучително и модерни оклопни возила, беспилотни системи, решенија за сајбер-безбедност и напредни комуникациски платформи, кои имаат клучна улога во трансформацијата на современите армии.
Во рамки на посетата, министерот Мисајловски ќе присуствува на прием организиран за министрите за одбрана од страна на француската министерка за вооружени сили Катерине Ваутрин, како и на средба со потпретседателката на Комитетот за надворешни работи, одбрана и вооружени сили на францускиот Сенат, Хелен Конвеј-Мурет.
Посетата на Мисајловски, посочуват од Министерството за одбрана, се оценува како значајна можност за следење на глобалните трендови во одбраната и безбедноста, особено во контекст на процесот на модернизација на македонската Армија и унапредување на меѓународната одбранбена соработка.
МИА
Ново на Сител
-

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта
-

Трамп: Иранското раководство е неверојатно лицемерно
-

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица
-

ЦУК: Активни пет пожари низ државата, десет се изгаснати
-

Четворица осомничени за пукање на свадба во Добри Дол, Обвинителството бара притвор
-

Во гаснењето на пожарот кај Кавадарци ангажирани авиони, хеликоптери и механизација
-

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
-

Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство
