Македонија
2. July 2026 - 16:32

Мисалјовски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД

Со пристигнување на преостанатиот дел оклопни возила Страјкер следната недела ќе се комплетира договорот со САД со кој се модернизира македонската армија. До крајот на годинава се очекуваат и двата нови хеликоптери од компанијата Леонардо. Буџетот е стабилен и е над 2 отсто а министерот во отчетот најави и зголемување на платите за вработените како и ново законско решение за понатамошно ангажирање на војниците кои исполниле услови за пензија. Армијата се подмладила со 300 нови војници а годинава се регистрирани и нови 1.700 апликации.

По серија меѓународни вежби, началникот на генералштабот истакна дека македонската армија е официјално оценета со статус борбено подготвена.Во моментов, повеќе од 180 македонски војници се активни во неколку меѓународни мисии на НАТО и Европската Унија.

Во делот на инфраструктурата министерот најави инвестиции од 12 милиони евра за реконтрукција на касарни, полигонот Криволак и објекти на генералштабот.