Митева: 300 милиони денари за прославата обезбеди Државна лотарија - не се потрошени буџетски средства

За реализацијата на настаните за прославата на 35 години независност на државата не се потрошени буџетски средста, трошокот за овие настани не ги чини граѓаните и ова е лесно проверлива информација - рече денеска на прес-конференција портпаролката на Владата, Марија Митева.
Станува збор, дополни, за средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година, а не средства што се земени од буџетот за да се финансира прославата.
Во согласност со заклучокот од 167. седница на Владата, со кој се утврдиле конкретните активнисти што треба да се реализираат во рамките на прославата по повод 35 години независност, како што рече, на „Државна лотарија“ ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.
Портпаролката на Владата оцени дека со прославата се покажало дека државава може да организира настани од светски размери, граѓаните да имаат можност да ги следат да бидат дел од нив во својата држава.
Давид Гета, посочи, беше еден сегмент од целата прослава и кулминација на програмата, а не замена за македонската култура и македонските уметници.
- Приближно 95 проценти од целокупната програма беа македонски изведувачи, македонски сценски содржини, со што практично покажавме дека домашната музичка, сценска и театарска сцена има капацитет да организира и реализира содржини на ниво кое што може да биде споредувано со најголемите интернационални продукции. Сметам дека тоа е една од најзначајните пораки затоа што целта не беше само да донесеме светски имиња во Македонија, туку да покажеме и дека македонските уметници заслужуваат голема сцена, голема публика и сериозна продукциска поддршка - рече Митева.
На прес-конференцијата директорот на Државна лотарија Александар Климовски ги презентираше сите правни основи и одлуки од постапката.
МИА
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
