Митрашиновиќ влезе во историјата на македонската кошарка

Капитенот на македонската женска кошаркарска репрезентација Анџелика Митрашиновиќ дојде од бројка од 419 поени, со кои го надмина рекородот на Моника Гавриловска ( 403 поени).
Митрашиновиќ вчеравечер во поразот со Грција постигна 23 поени и стана најдобар стрелец во историјата на македонската репрезентација.
- Нормално дека ми е драго кога ќе го чујам тоа. Макар, еве досега, до овој момент не ни помислив, не сум ни размислувала за една ваква работа, … Сепак, тоа е еден огромен успех, на личен план. И да, не сум навикната да зборувам, лично за себе, подобро е другите да зборуваат, оценуваат, коментираат, изјави новата рекордерка.
Инаку, Митрашиновиќ го одигра својот 33. натпревар во националниот дрес, па извесно е дека ова нејзино постигнување од натпревар во натпревар ќе расте.
МИА
Ново на Сител
-

ШКЛ - од денес до 30-ти јули, Штип во знакот на културата
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
