Мизрахи со обвинувања кон Царовска за економско социјалниот совет, Царовска демантира
Економски социјалниот совет под претседателство на Мила Царосвка работел незаконски, обвини техничката министерка за труд и социјала. Според Рашела Мизрахи на неколку седници на советот во 2017 година на кои имало измени и дополнувања на повеќе закони бил прекршен деловникот за работа.
-На 35-та седница одржана 30 јуни 2017 година, Мила Царовска побарала да биде донесена дополнителна точка на дневниот ред за измена на Деловникот за работа на ЕСС на што се спротиставиле членовите на репрезентативните синдикати и се изјасниле дека не биле известени за промените во дневниот ред, по што ја напуштиле седницата. Согласно членот 8 од Деловникот за работа на Советот, седница се одржува доколку присуствуваат најмалку три претставници на Владата и најмалку три претставници од социјалните партнери, а согласно членот 3 од истиот Деловник седниците на Советот се свикуваат со предлог дневен ред најмалку осум дена пред одржувањето на седницата.рече техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.
Мизрахи го повика обвинителстото да отвори предмет и да го испита работењето на ЕСС во времето кога претседател била Мила Царовска.
Реагираа од кабинетот на поранешната министерка за труд и социјала, тврдат дека Економско социјалниот совет е советодавно тело, а седниците биле закажувани и одржувани согласно деловникот за работа,
-Ова може да се потврди од записниците кои се водат за секоја седница, а кои се доставувани до сите членови на ЕСС. На седниците кога немало кворум не се носени заклучоци само е расправано за точките но не се носени никакви заклучоци. Ова може да се потврди и од записникот од 36-тата седница која е одржана на 18.7.2017 година., стои во реакцијата од кабинетот на Царовска.
Инаку техничката министерка и денеска држеше прес пред таблата на која стои името Република Македонија, а не новото Утавно име. Мизрахи повтори дека таблата ја затекнала и немало друга во министерството. Не планирала да стави банер и била подготвена да плати и казна.
-Прифаќам да бидам казнета, рече Мизрахи.
Поранешниот Премиер Зоран Заев пак порача дека Владата треба да почне да казнува за пример за другите.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
