-->
-->
Младите македонски фудбалери поразени од Италија со 1:0
-->

Со играч помалку, но со гол повеќе, младинската фудбалска репрезентација на Италија ги совлада врсниците од Македонија со 1:0.
Натпреварот беше решен во 34 минута кога по слободен удар изведен од Ндуро, левото крило Маријанучи прецизно го погоди голот на Василев.
За жал македонските млади фудбалери не ја искористија можноста дури 75 минути да имаат играч повеќе на стадионот под Тумбе Кафе, ниту пак поддршката од бројната битолска публика.
Тврдиот натпревар заврши и со 8 жолти картони кои оправдано на младите фудбалски надежи од Македонија и Италија им ги додели косовскиот судија Генц Нуза.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија и Грција со заеднички проект ја зајакнуваат итната медицинска помош
-

Сертификат за вештини стекнати без формално образование
-

Охрид ја проширува културната понуда
-

Преглед на вестите од светот
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
-

СДСМ: Мицкоски и Славески ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија, бараме одговорност
-

Тема на денот со Дафина Стојаноска, ВМРО-ДПМНЕ
