Македонија
12. April 2021 - 12:43

Младите од Банско бараат деветолетка во своето село

Младите од струмичкото село Банско бараат воведување на деветолетка во нивното населено место.  Тие  покренаа и петиција со која ќе бараат од општина Струмица и министерството за образование да се разгледа нивниот предлог децата во ова населено место наместо до петто,  да учат до деветто одделение. Како еден од аргументите го наведуваат и податокот кој вели дека од 500 ученици  во основното училиште во Муртино дури  341 биле од Банско.

- Според нашите сознанија во основното училиште во Муртино учат 500 ученици, од кои 341ученик се од Банско. Тоа значи дека околу 68 отсто се од учениците се од Банско. Тие пак за да го остварат своето право на образование принудени се да патуваат секој ден во Муртино, за што, за жал, трошокот е околу 4 милиони денари. Исто така, во училиштето во Банско до петто одделение учат 230 ученици, рече Никола Андов – жител на Банско

Според младите од Банско нивното населено место им потенцијали за развивање на сопствена деветолетка доколку се инвестира во потребната инфраструктура. Сметаат дека на тој начин не само што ќе се намалат трошоците туку и ќе се инвестира во иднината на селото. Во наредните денови најавуваат собирање на потписи и од родителите, но и од останатите жители на селото.