Младите во ЕУ си заминуваат од домот на родителите на 26,2 години, во Македонија на 32,1 година
Младите во ЕУ домот на своите родители го напуштаат на просечна возраст од 26,2 години. Генерално младите од северот порано го напуштаат домот на родителите, споредено со младите од појужните држави. Најдолго во домот на родителите остануваат младите во Црна Гора, во просек до својата 33,3 година, а најрано го напуштаат младите во Финска во просек на 21,4 години. Македонците во просек остануваат да живеат со своите родители до својата 32,1 година.
Во 2024 година младите на ниво на ЕУ во просек го напуштиле домот на своите родители на 26,2 години, што е благо намалување во споредба со 26,3 години во претходната 2023, покажуваат најновите податоци на Евростат објавени во септември годинава.
Најдолго во просек во домот на родителите остануваат младите во Хрватка – до 31,1 години, потоа следат Словачка(30,9), Грција (30,7), Италија (30,1) и Шпанија (30,0). Спротивно на тоа, најрано го напуштаат домот на родителите младите во Финска, во просек на 21,4 години, по што следат Данска (21,7) и Шведска (21,9).
Податоците на Евростат покажуваат дека од 2002 година, оваа просечна возраст благо флуктуира помеѓу најниска од 26,1 година во 2019 година и највисока од 26,8 години во 2006 година.
Последните достапни податоци за Македонија се од 2023 година, кога според анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат, младите во Македонија (32,1) и во Црна Гора (33,3) најдоцна во Европа ги напуштаат домовите на своите родители.
Според анализата во Јужна Европа и на Балканот, повеќе од половина од луѓето на возраст од 20-25 години живеат со своите родители, додека во Северна Европа, пак, овој процент е под 20 отсто, па дури и под 10 проценти.
Во време кога трошоците за домување се предмет на постојана јавна дебата, податоците на Евростат покажуваат дека младите луѓе се малку повеќе погодени од трошоците за домување. Во 2024 година, 9,7% од младите луѓе (на возраст од 15-29 години) во ЕУ живееле во домаќинства кои трошеле 40% или повеќе од нивниот расположлив приход за домување (стапка на преоптовареност со трошоци за домување), додека истиот процент за вкупното население бил 8,2%.
Во 2024 година, меѓу земјите од ЕУ, имало значителни разлики во оваа стапка. Грција (30,3%) и Данска (28,9%) регистрирале највисоки стапки на преоптовареност со трошоци за домување, далеку над оние во Холандија (15,3%), Германија (14,8%) и Шведска (13,5%). Од друга страна, Хрватска (2,1%), Кипар (2,8%) и Словенија (3,0%) имале најниски стапки на преоптовареност со трошоци за домување.
Во 16 земји од ЕУ, стапката на преоптовареност со трошоци за домување била повисока кај луѓето на возраст од 15-29 години отколку кај вкупното население. Најголемата разлика помеѓу овие 2 групи е 14,3 процентни поени (п.п.) во Данска, по што следуваше Холандија со 8,4 процентни поени.
МИА
Ново на Сител
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
-
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување
-
Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат
-
Лажетиќ: Нашата сообраќајна некултура, едноставно ќе мора да се регулира, оној што не сака да се придржува на основни правила во сообраќајот и не треба да биде воопшто учесник