МНР за Сител: 9 македонски државјани побарале евакуација од Израел - небото е затворено до понеделник

Девет македонски државјани побарале асистенција за евакуација од Израел, информираат надлежните институции.
Според последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со актуелните околности и безбедносната состојба.
Во оваа фаза, на македонските државјани им се препорачува внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено.
Во однос на дипломатско-конзуларните претставништва во Доха и Абу Даби, заклучно со овој момент ниту еден македонски државјанин нема побарано евакуација.
Од Министерство за надворешни работи и надворешна трговија соопштуваат дека преку амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, како и преку дежурните служби, се во континуирана комуникација и целосно на располагање на македонските државјани за потребна помош и координација.
Ново на Сител
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
