МНРиНТ апелира македонските државјани да се воздржат од непотрбни патувања на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република Северна Македонија да се воздржат од непотребни патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток, по таргетирањето на Иран на Израел и повеќе арапски држави, вклучително и Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт, Бахреин, Саудиска Арабија, Либан и Ирак, како и британската воена база на територијата на Република Кипар.
- Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели и партнери. Повредата на суверенитетот и таргетирањето цивилни цели се неприфатливи и се во директна спротивност со основните принципи на меѓународното право. Мирот, безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток не се апстрактни категории, туку суштински предуслови за глобалната стабилност, соопшти денеска Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Оттаму посочуваат дека со внимание и загриженост ги следат случувањата во поширокиот регион на Блискиот Исток, кои имаат директно влијание врз регионалната и меѓународната стабилност.
- Приоритет на Владата останува безбедноста и поддршката на македонските државјани кои по различни основи се наоѓаат во овој регион. Во текот на изминатиот период, надлежните дипломатско-конзуларни претставништва се во континуирана комуникација со нив, стои во информацијата.
Министерството, додаваат, во координација со дипломатско-конзуларните претставништва, разгледува повеќе можни сценарија за репатриација и евакуација, кои ќе бидат активирани кога тоа ќе го дозволат условите на терен и/или по повторно воспоставување на воздушниот сообраќај.
МИА
Ново на Сител
-

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман
-

Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
-

Димитриевски: Недозволиво е Груби да биде во куќен притвор
-

Андоновски на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори - MWC26 во Барселона
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте
